Ферари под лупа и во Канада

567

Директорот за трка во ФИА, Чарли Вајтинг, најави дополнително надгледување на Скудерија Ферари по шпекулациите за легалноста на нивниот Систем за повраток на енергијата. Во Монако, ФИА постави дополнителен сензор за да надгледува колку моќ ослободува батеијата поврзана со кинетичкиот дел на агрегатот од Маранело.

Иако Вајтинг и ФИА се задоволни од она што го видоа од добиените податоци и изјавија дека болидот на Ферари е целосно легален, сепак ќе се направат дополнителни мерења.

Со комплексна рутина бевме во можност да се задоволиме и да заклучиме дека Ферари е во ред, но мораме да го правиме тоа цело време за да се осигураме. Сакаме дополнително да провериме и да измериме.

Не е едноставно затоа што не само што по два такви делови се дозволени во текот на сезоната, но истите се запечатени така шт овадењето и ставањето на нашиот сензор е доста сложено.

Во Канада ќе има дополнителен мониторинг, а дополнителни сензори ќе бидат поставени кај сите, но веројатно не оваа сезона. Од она што го знам, во Канада ќе имаме подобар систем кој ќе помогне многу во прибирањето на податоците, многу побрзо ќе дојдеме до истите и за неколку трки ќе биде познато се – открива Вајтинг.


Ферари под лупа и во Канада

3 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>