Тојота би сакала да го проба Кими во ВРЦ

175

Тојота Газоо Рејсинг тимот во ВРЦ првенството на ФИА се расположени да му го дадат Јарис ВРЦ автомобилот на Кими Раиконен од Ферари на тестирање. Договорот на финецот истекува на крајот од оваа сезона, а се посилни се шпекулациите дека младиот Шарл Леклер од Заубер ќе биде негов наследник во МАранело.

Гласините велат дека возачката кариера на Раиконен ќе продолжи во ВРЦ следната година возејќи за Тојота каде тимски шеф е неговиот сонародник, рели легендата Томи Макинен.

Засега нема тестирано за нас, но зошто да не? Ако сака да го вози нашиот автомобил веднаш би му дозволил – се огласи Макинен.

Во 2010 и 2011 година кога одмораше од Формула 1 Раионен се обиде во ВРЦ и имаше 5то место како свој најдобар резултат. Сегашниот спортски директор на Тојота ВРЦ, Кај Линдстрон во тој период му беше совозач на Кими така што и тој е расположен да го види во Јарис.

Не ни кажал ништо за сега. Можеби ќе сака да извозеи едно рели или нешто слично и ќе биде интересно да се види во нашиот автомобил, но нема никакви разговори околу тоа.

Томи го познава добро, а Кими мене ме познава добро, но треба да бидеме многу внимателни со вакви приказни. Ако изјавиме нешто тоа веднаш ќе се прошири дека Кими потпишал за нас на цело сезона. Ваквите работи може да станат глупави многу скоро – смета Линдстром.

Се огласи и тимскиот колега на Раиконен од неговите ВРЦ денови и петкратен рели првак, Себастиен Ожие кој смета дека враќањето на финецот би било одлично за спортот.

Ако сака да се трка во рели јас сум сигурен дека ќе биде одличн. Се работи само за тоа дали сака или не. Име како него со сигурност ќе биде добро за спортот.

Се сеќаваме кога дојде пред неколку години по малку се мачеше затоа што некое време беше надвор од форма и не му беше лесно, но сега ќе биде поинаку – смет Ожие.


Тојота би сакала да го проба Кими во ВРЦ

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>