Торо Росо целосно го подржуваат Хартли

42

Екипата на Торо Росо целосно го подржуваат својот возач Брендон Хартли, но сепак тие го немаат последниот збор за тоа дали тој ќе остане до крајот на сезоната во тимот или ќе ја доживее ланската судбина на Даниил Квјат.

Новозеланѓанецот е под закана за отпуштање поради незадоволителните перформанси споредено со тоа што го постигнува Пјер Гасли.

Со само еден поен во однос на 18те на Гасли, како негова замена се спомнуваат неколку возачи меѓу кои Роберт Кубица, Паскал Верлејн, Ландо Норис…

Но, од тимот изјавуваат дека стојат зад нивниот возач.

Сакаме тој да биде успешен. Како Торо Росо ние стоиме 100% зад Брендон. Возачите ги контролира Ред Бул, а ние како тим работиме со нив и се обидуваме некој од нив да е светски шампион.

Ние немаме контрола со тоа што се случува со возачите во Торо Росо – изјави Греам Востон, директор во Фаенца.


Торо Росо целосно го подржуваат Хартли

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>