Торо Росо ги ископира ретровизорите на Ферари

185

Торо Росо го следи развојниот пример на Ферари и стана втората екипа што монтираше ретровизори со вградено крило на средината, со што го подобруваат струењето на воздухот околу нив.

Уникатниот концепт е измислен во Маранело и за прв пат виден на СФ71Х болидот уште од самата негова промоција. Скудерија открија дека тоа им помага подобро да го канализираат циркулирањето на воздугот низ ретровизорите во хоризонталните отвори во страничниот дел од болидот и низ страничните крила.

Отворите го намалуваат и негативната сила која ја создаваат обичните ретровизори затоа што рамната задна површина од истите расипува дел од аердинамиката и попречува слободно струење на воздухот. Често екипите сакаат да ги монтираат ретровизорите колку што може повисоко, но правилата имаат лимит на тоа.

Развојот покажува дека во Торо Росо работат под полна пареа за да бидат во колку што може подобра позиција во средина на поредокот.


Торо Росо ги ископира ретровизорите на Ферари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>