Топ листа: 10 најголеми контраверзии

431

Формула 1 секогаш ќе остане преполна со контраверзии, а ние ве потсетуваме на најголемите:

  • Тимски наредби – Промената во Ферари број еден, Австрија 2002

По првите 5 трки од сезоната Шумахер имаше освоено 44 поени од можните 50, а најблискиот негов конкурент, Хуан Пабло Монтоја беше 21 поен зад него. Тимскиот колега на Шуми, Рубенс Баричело, водеше цела трка, но Ферари беа целосно зад Црвениот Барон, наредувајќи му на бразилецот да ја отстапи позицијата. Публиката негодуваше, Шуми му го предаде пехарот на Рубенс и го качи на највисокото месо на подиумот, а Ферари доби казна од 1 милион долари за непочитување на подиум процедурите.

  • Тимски наредби – Промената во Ферари број два, Германија 2010

Алонсо беше главна надеж на Ферари, но заостануваше 47 поени зад Луис Хамилтон, така што од боксот на Ферари преку радио му ставија до знаење на Фелипе Маса `Fernando is faster than you`. Стефанов Докеникали беше прв човек на Скудерија во тој момент и инсталијанецот инсистираше дека тимски наредби не постоеле, туку Маса самиот решил да му помогне на Нандо. Италијанците повторно беа казнети, овојпат само 100 илјади долари.

  • Тимски наредби – Multi 21, Малезија 2013

Малезија беше втора трка во 2013 година, а Ред Бул во тој момент беа трикратни двојни прваци со Себастијан Ветел. Марк Вебер ја поведе трката, а ситуацијата беше непроменета и по второто менување. Договорот од пред стартот на трката во Ред Бул бил дека тој кој води по второт менување, ќе победи на крајот, но Ветел не се сложуваше и го напаѓаше Вебер, минувајќи го. `Multi 21` беше договорената шифра од Милтон Кинс, но Себ не сакаше ни да чуе.

  • Запирањето на Шумахер, Монако 2006

Фернандо Алонсо водеше во поредокот во пресрет на трката, а на квалификациите Шумахер имаше најбрзо време во пресрет на последната серија летечки кругови од водечката 10ка. Но, доаѓајќи на претпоследниот свиок Рашкаш, Ферарито на Шуми запре и ја блокираше патеката што значи дека сите зад него мораа да ги откажат своите кругови. Стјуардите донесоа одлука дека германецот е виновен и дека намерно го запрел болидот и поради тоа стартуваше од боксот.

  • Мекларен, Spy-Gate, 2007

Сезоната 2007 беше една од најинтересните во историјата, Кими стана првак со само поен пред Луис Хамилтон, а со нив до последен здив се бореше и Фернандо Алонсо. Но, она што се случуваше надвор од патеката беше исто така многу интересно. Spy-Gate беше афера во која беа инволвирани Ферари и Мекларен. Имено, по крајот на сезоната Скудерија го отпушти Најџел Степни, одговорниот за развој на перформансите во Маранело, откако претходно беа најдени 780 страници документи изнесени од Ферари во домот на Мајк Куглан, инженер во Мекларен. Екипата од Вокинг беше дисквалификувана од првенството и мораше да плати 100 милиони долари.

  • Рено, Crashgate, Сингапур 2008

По враќањето од Мекларен во Рено, Алонсо немаше победа цела сезона се до Сингапурското Гранд При, првата ноќна трка во историјата. Лошо се квалификуваше, но прв влезе во боксот, три кругови пред неговиот тимски колега, Нелсон Пике да се “забие“ во оградата и трката продолжи зад Безбедносно возило. Правилото тогаш гласеше дека нема менување гуми додека Безбедносното возило е на патеката, така што Нандо се доближи до водечките, а по рестартот го превзеде водството, направи предност и победи. Следната година Пике призна дека намерно се удрил, што донесе крај на Формула 1 кариерите на Флавио Бриаторе и Пет Симондс.

  • Lie-gate, Австралија 2009

Инцидентот помеѓу Себастијан Ветел и Роберт Кубица донесе крај на Големата награда на Австралија зад Безбедносно возило, втор пат во историјата на Формула 1. Проблемите се случуваа зад Безбеднонсото возило кога Јарно Трули излета, Луис Хамилтон го превзеде неговото 3то место, а потоа го пропушти италијанецот пред себе. Трули доби казна поради нелегално претекнување зад Безбедносно возило, по што Хам дојде на подиум и по трката изјави дека не добил инструкции да го пропушти Јарно, туку сметал дека така треба да постапи. Сепак, прегледувањето на аудио снимките покажа дека Луис лажел по што беше дисквалификуван, а Трули беше промовиран на 3то место.

  • Гуми, Проблемите на Мишелин, 2003 – 2005

Во текот на три години колку што беа дел од Формула 1, Мишелин на два наврати го потресоа спортот. Во 2003 година се откри дека во текот на трката, нивните гуми се шират од топлина и со тоа им даваат на возачите поголема нагазна површина кон крајот на трката. Откако ја корегираа оваа аконмалија, возачите со Бриџстон гуми победија на 18 трки од вкупно 21. Две години подоцна, тимовите кои возеа со Мишелин добија информација дека доколку под полна гас возат низ овалот во Индијанаполис, гумите ќе траат само 10 кругови, по што тие решија да не учествуаат на трката на која се тркаа само 6 возачи.

  • Судари во борба за титула – Сена против Прост, 1989 – 1990

Во 1989 и 1990 година Алан Прост и Аиртон Сена директно се бореа за титула на Јапонскиот автодром Сузука. Во 1989 година на бразилецот му требаа победи на последните две трки од сезоната ако сака да освои титула. Прост поведе во Јапонија, но Сена го стигнуваше, а инцидентот се случи на последната шикана кога бразилецот се обиде да мине од внатре, Прост сврте порано и иницираше контакт. Французинот се откажа, Сена ги замоли маршали да го истуркаат, се врати на патеката, промени гуми и нос, по три кругови го превзема водстовот и победи, но на крајот беше дисквалификуван поради спорниот круг кога не минал прописно низ шиканата. Аиртон сметаше дека сето тоа е “масло“ на францускиот претседател на ФИА.

Следната година повеќе не беа тимски колеги, Прост замина во Ферари, но повторно се бореа за титула. Французинот имаше подобар старт, но остави отворен внатрешен дел, што беше голема можност за Сена. Бразилецот не се ни обиде да “ја фати“ кривината и удри директно во Ферарито освојувајќи шампионска титула на тој начин.

  • Шумахер против Вилијамс, 1994 – 1997

Во 1994 година Михаел Шумахер имаше поен предност во однос на Дејмон Хил во пресрет на последната трка од првенството. Трката се одржуваше на градската патека во Аделаида, а во еден момент Шумахер погреши, го допре ѕидот и му овозможи на Хил да се приближи. Британецот се обиде многу скоро да мине, но Шуми ја “затвори вратата“ по што двата болиди завршија крај патеката, а германецот освои титула.

Три години подоцна Михаел се тркаше против Жак Вилнев, а последна трка во сезоната беше Европското Гранд При во шпански Херез. Квалификациите минаа во знакот на идентичното време на Шумахер, Вилнев и Френцен. Шумахер водеше по втората серија промена на гуми, канаѓанецот се обиде да мине, но Шуми го направи истиот потег како и против Хил во Австралија. Овојпат неговото Ферари беше уништено, а Жак го направи она што му требаше, само ја заврши трката.


Топ листа: 10 најголеми контраверзии

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>