Тод смета дека Ферари ќе остане во Ф1

102

Првиот човек на ФИА, Претседателот Жан Тод, смета дека доколку се направи добар формат за тркачката серија, нема причина зошто Скудерија Ферари да не остане во спортот.

По првичниот нацрт за новите правила од 2021 година, Серџо Маркионе негативно гледаше врз истите, заканувајќи се дека со такви правила, брендот сигурно ќе го напушти спортот. По дијалогот со останатите екипи и новиот предлог правила, Маркионе “омекна“ во своит еизјави.

Ферари е историски бренд, а за тоа постојат неколку причини, меѓу која е и Формула 1 која е многу значајна за нив. Ферари профитира од тркање, но и тркањето профитира од Ферари.

Убеден сум дека ако поставиме добар формат, тие ќе продолжат да партиципираат. Мораме да направиме нешто добро, но тоа добро да биде за сите 10 екипи, не само за една.

Повеќе од половина од екипите се во тешка ситуација, а тоа не е добро за врвот во мотор спортот и поради тоа мораме да направиме нешто во врска со разликите кај екипите – смета Жан кој порано беше прв човек на тркачката екипа.

Французинот смета дека високите трошоци се срцето на проблемот, а како најлогично решение тој смета дека треба да биде ограничувањето на буџетите. Но, интересен за него е и предлогот да се исклучи хибридниот МГУ-Х дел од Системот за повраток н аенергијата.

Тоа е интересна технологија, но ништо што е неопходно за имање на добра тркачка серија. Сакаме да ги поедноставиме работите, а над се сакаме интерес од нови производителит. Напорно и секојдневно работиме на новит еправила – заврши Тод.


Тод смета дека Ферари ќе остане во Ф1

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>