Тод: Возачите ќе го следат примерот на Алонсо

462

Првиот човек на ФИА, Жан Тод, призна дека очекува многу други возачи да го следат примерот на Фернандо Алонсо и да се тркаат во повеќе моторспорт серии во иста година. Нандо не ја крие желбата за “тројна круна“ во моторспортот која вклучува победа на Формула 1 трката во Монако, трката на американскиот Индианаполис 500 како и ВЕЦ трката 24 часа Ле Ман.

Шпанецот зад себе има победа во Монако, а минатиот викенд стигна и до победа на својата премиерна ВЕЦ трка на белгиската Спа.

Сметам дека сите возачи кои се тркаат се страствени. Без разлика дали се ѕвезди, дали возат во Формула 1,  мислам дека се многу, многу храбри како пред неколку години кога Кими Раиконен се префрли во рели првенството. Тоа е одлично – појасни Тод.

Во 1960-тите и 1970-тите години од минатиот век беше многу честа појава возачите да се тркаат во различни серии, но во 1980-тите и 1990-тите години Формула 1 стана ексклузива резервирана само за најдобрите.

Мислам дека ќе се вратат тие времиња. Алонсо лани беше учесник и во сосема друга серија. Има возачи кои отидоа во Формула Е и тоа што еден возач има многу можности е навистина здрава работа за нив.

Ако сакате конкурентен, среќен, задоволен и исполнет возач, мора да бидете сигурни дека окружувањрто го прави среќен и задоволен.


Тод: Возачите ќе го следат примерот на Алонсо

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

  • Nikola Dimovski
    Nikola Dimovski
    Остави коментар

    Тод главен во Ф1 во ФИА сега ми е јасно некој работи што не ми беа јасни во Ф1 .
    А пишував дека ФИА им помага на Ферари многу тимови и порано се бунеа за неправдите во Ф1.