Тимовите ќе побараат помалку тестирање

79

Формула 1 екипите ќе побараат од ФИА да се намалат тестовите следната година и покрај фактот што тестирањето ионака е многу ограничено. Последните неколку години тимовите добиваат два термини од по четири денови предсезонски тест, а во текот на сезоната имаат дополнителни два термини од по два денови по соодветната трка. Половина од сезонските тестови мора да бидат комплетирани од малди возачи.

Годинешниот прв сезонски тест беше во Барселона по крајот на Шпанското Гранд При, а вториот ќе биде во Будимпешта по крајот на Големата награда на Унгарија.

Екипите сметаат дека дури и ограниченото тестирање е премногу со оглед на тоа што имаат календар од 21 трка. По пет трки во шест викенди сесијата во Унгарија е непопуларна и непосакувана за екипите.

Следногодишниот календар повторно ќе има 21 трка, веројатно Германија ќе отпадне, а Мајами ќе биде нова трка, иако тоа сеуште треба да се потврди.

Проблем постои и кај персоналот кој е подложен на многу километри патување во текот на 8те денови предсезонски тест каде возачите често комплетираат и над 100 кругови во текот на денот, што едноставно ги “цеди“ буџетите на екипите поради целата логистика и резервни делови кои мора да ги имаат.

Менаџерите на екипите веќе ја информирале ФИА дека сакаат пред почетокот на сезоната да имаат само една петдневна сесија и само еден сезонски тест, веројатно по Шпанското Гранд При во Мај. Предлогот е сезонскиот тест да се одработи од млади возачи со оглед на правилата на ФИА. Пост сезонскиот тест за Пирели во Абу Даби ќе остане непроменет.


Тимовите ќе побараат помалку тестирање

0 Коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>