Тајна средба помеѓу Алонсо и Ферари?

611

Можеби се само желби на шпанските медиуми, но според порталот Diario Gol, минатата недела во Барселона дошло до тајна средба помеѓу Фернандо Алонсо и екипата на Ферари. 

Доколку се случил таков состанок, тема на разговор сигурно не биле старите добри времиња. Откако се очекува дека Кими Раиконен ќе замине на крајот на сезоната, шпекулациите околу негова потенцијална замена се постојана тема на разговор.

Според Diario Gol, Флавио Бриаторе, кој сеуште е одговорен за активностите на Алосно, повлекува врски на сите страни за враќање на шпанецот во Маранело. Сепак, логично, иако тоа би било спектакуларен трансфер, шансите за реализација се минимални до непостоечки.

За почеток, Себастијан Ветел сигурно нема да му посака добредојде на Алонсо, бидејќи ја ужива улогата на водечки возач. Доколку Ветел го прифати предизвикот, Алонсо го очекува значително намалување на плата, споредено со сегашната во Мекларен.

Најважно, возачко место во Ферари ќе му спречи на Алонсо да учествува во други тркачки серии, меѓу кои и неговото учество во WEC со тимот на Тојота, кое е со важност до Јуни 2019 година.

Иако тандем Ветел-Алонсо во Скудерија би бил импресивен, сепак е мошне неверојатен да се исполни.


Тајна средба помеѓу Алонсо и Ферари?

2 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>