Тафин смета дека Монако бара верба во моторот

62

Техничкиот директор задолжен за моторите во Рено, Реми Тафин, знае дека во Монако многу е важно возачите да имаат верба во болидот и моторот.

Покажавме добро ниво на перформанси во квалификациите и имавме силна трка со позитивен старт. Се бориме за топ 10 и во моментов сме на 4то место во поредокот, а мотори на Рено се и на 4то и 5то место во поредокот. По пет трки може слободно да кажеме дека 4то место е напредок годинава, но тоа го очекувавме – анализира Тафин.

Монако е позната како улична патека на која возачот треба да се чувствува максимално удобно во болидот, а Реми смета дека неговит евозачи го добиваат тоа.

Кога ќе стигнеме во Монако не сакаме да променуваме ништо во однос на претходнит епет трки. НАјважна работа за возач во Монако е да има верба во моторот и неговото однесување.

Секако дека сакаме да ги надоградиме нашите перформанси, но константноста и предвидливоста е корисна за толку уникатна патека. Треба да обрнеме внимание за работата на моторот и перформансите по бавните кривини на ниски вртежи. Подготвени сме – заврши французинот.


Тафин смета дека Монако бара верба во моторот

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>