Танабе: Штета што не освоивме поени

77

Техничкиот директор на Хонда Формула 1, Тојохару Танабе изјави дека е вистинска штета што Торо Росо Хонда не освоиле поени за време на Големата награда на Австрија. Двата болида завршија надвор од поени на трката и си заминаа со празни раце.

Брендон Хартли имаше тежок викенд и беше приморан да ја заврши трката поради механички проблем откако се квалификуваше на 19то место, но тактички промени мотор и статтуваше една позиција поназа.

Другото Торо Росо возено од Пјер Гасли имаше проблеми со гумите и беше престасано од Фернандо Алонсо и двата Заубера на Леклер и Ериксон во последните кругови од трката.

Брендон возеше на 10та позиција и ги менаџираше гумите, но мораше да застане поради проблем со моторот додека Гасли возеше во поени пред крајот кога гумите му се потрошија и заврши на 11та позиција – анализира Танабе.

Наредната трка е во Силверстон и е последна од трите последователни трки кои се возат за прв пат во Формула 1 историјата. За Танабе, Британското Гранд При е како домашна трка.

Штета е, но нареднава недела доаѓа нова трка во Силверстон и ќе се обидеме повторно спеак ова е како еден вид домашна трка бидејќи нашата европска база е во Милтон Кинс.


Танабе: Штета што не освоивме поени

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>