Тактичка казна за Рикардо во Германија

433

Даниел Рикардо откри дека најверојатно ќе превземе тактичка казна за агрегат на следниот настан во Германија и потенцираше дека тимот сеуште е конкурент за титула.

Рикардо веќе го достигна лимитот за дозволени агрегати во една сезона од шесте елементи кои се составен дел на агрегатната единица, откако искористи три мотори со внатрешно согорување, турбо полначи, МГУ-Х, како и по два МГУ-К, систем за собир на енергија и за контрола на електроника.

Ред Бул сметаат дека пакетот на РБ14 повеќе одговара на патеката Хунгароринг, последниот настан пред летната пауза, споредено со Хокенхајм. Поради тоа Рикардо смета дека е многу веројатно да ја превземе казната на следната трка во Германија.

Формата ни е прилично добра, земајќи во предвид дека завршивме шест од 9 трки досега. Добри сме. Но тоа не е доволно. Особено бидејќи не доминираме во секоја трка.

Мора да финишираме на повеќе. Две откажувања се поради технички проблеми, а едно поради инцидент со Макс. Мора да се обидеме да завршиме на повеќе – изјави Рикардо.

Ред Бул, Ферари и Мерцедес ги поделија победите годинава подеднакво, а Рикардо истакна дека неговата екипа може да победи повторно.

Мислам дека ќе победиме повторно годинава. Имаме шанса да победиме на некои трки, а ќе имаме и некои можности, но не верувам дека реалната форма секој викенд е доволна.

Мора да најдеме дополнителна предност на повеќе патеки. Во Австрија немавме брзина од Петок до Недела. Да, Мерцедес ги имаа своите проблеми, но иако бевме рамо-до-рамо со Ферари би требало да ни олесни. Се надевам дека ќе бидеме брзи на патеките каде што очекуваме. Ако сме 5ти и 6ти во Унгарија, најверојатно ќе бидеме многу изнервирани! – додаде Рикардо.


Тактичка казна за Рикардо во Германија

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>