Строл сака да остане во Вилијамс

53

Клер Вилијамс откри дека Ленс Строл е подготвен да потпише нов договор со екипата откако во досегашниот дел од неговата Формула 1 кариера ги оправдал очекувањата и довербата од екипата.

Осмото место на канаѓанецот во Баку е максимумот на ФВ41 болидот на Вилијамс оваа сезона, но и покрај тоа Клер смета дека пред Ленс е блескава иднина во спортот.

Работи навистина мнгоу напорно за да се подобри во деловите каде знае дека треба. Се наоѓа под голем притисок и често е мета на неоправдани критики кои не ги заслужува и сметам дека поради тоа покажува огромна зрелост поради начинот на кој се справува со сето тоа.

Горда сум на работата која ја врши за нас и се надевам дека многу скоро ќе можеме да му дадеме болид со кој ќе може да го покаже целиот свој раскошен потенцијал. Искрено верувам дека му претстои одлична Формула 1 кариера.

Сеуште не разговараме за нов договор, но сметам дека тој ги оправда нашите очекувања засега и не сакаме да се разделуваме од него – изјави Клер.

Викендов кој претстои Ленс ќе се трка на домашната трка во Канада каде лани стигна до свотие први Формула 1 поени.


Строл сака да остане во Вилијамс

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>