Строл задоволен од првите поени сезонава

30

Ленс Строл, младиот озач на Вилијамс, е задоволен од Азербејџанското Гранд При откако ги донесе првите поени за тимот годинава.

Лани во Баку тој стана вториот најмлад возач кој се искачил на подиум, а годинава искористи од откажувањата пред себе за да дојде до 8мо место. Поените се први за тимот од Гров годинава, иако сеуште се на последно место откако Шарл Леклер освои добри поени со своето 6то место.

Луда трка, многу работи се случија, но на крајот сум среќен и задоволен. Веројатно можев 1-2 места погоре во поредокот затоа што направивме се како што треба, но имав добар ден.

Во битката со Фернандо кон крајот на трката мислам дека требаше да го задржам зад себе, но ме изненади на 3от свиок. Не го видов како доаѓа од позадина во внатрешната страна и успеа само да се прикраде, но тоа беше само мал пропуст.

Ветерот беше силен, чувствував како го движеше болидот и беше доста забелжително. Се на се среќен сум и задоволен од 8то место и трката на тимот. Се надеваме дека добриот резултат ќе го продолжиме и во Барселона. Ги разбираме проблемите со кои се соочуваме и работиме на нив – заврши Ленс.


Строл задоволен од првите поени сезонава

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>