Стратегиската група сака поени за сите 20 возачи

284

Една од поинтереснтие идеи кои се дискутирале во текот на состанокот на Стратегиската Група во Среда било поени за сите 20 возачи на гридот наместо само за првите 10. Новиот Формула 1 менаџмент продолжува да бара начини за можни промени на правилата, а некои може да бидат промовирани уште од 2021 година кога ќе иам и целосно нови технички правила.

Првите 10 години од шампионатот почнувајќи од 1950 година, поени имало само за првите 5 возачи на целта и еден дополнителен поен за оној кој ќе го извози најбрзиот круг. Потоа поени следуваа за најдобрите 6 возачи од 1960 гоина се до 2002 година, но без поен за најбрз круг. Потоа од 2003 година се до 2009 година поени имаше за најбрзите 8-мина а системот кој е сега на сила датира од 2010 година.

Една од јасните работи кои се сакаат да се постигнат со евентаулниот нов систем за бодување е да им се даде на возачите надвор од топ 10 желба дасе тркаат до самиот крај и награда за трудот.

Стратегиската група исто така разговарала и за враќање на поените за најбрз круг на трката и за пол позиција.


Стратегиската група сака поени за сите 20 возачи

0 Коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>