Сталожениот Хулкенберг, спасител за Рено

61

За екипата на Рено трката во Силверстон имаше различни страни, откако Нико Хулкенберг имаше солиден пласман во поени, додека Карлос Саинз ја заврши трката во судар со Роман Гросжан.

Нико имаше одличен старт и ја избегна мешаницата по стартот, за од 11то место да стигне до шесто. Германецот имаше сталожена трка до крајот, ја искористи својата стратегија од едно влегување и заслужено заврши на шесто место како најдобар од останатите.

Многу сум среќен, беше многу позитивен ден. Мислам дека го постигнавме најдобриот резултат. Имавме добар старт, а првиот круг беше солиден.

Очигледно имаше хаос во првите свиоци, кога успеав да го избегнам и да надоместам неколку позиции.

По тоа беше случај на менаџирање на пневматиците и трката. Избравме да возиме со хард пневматици, што можеби беа побавни, но сакавме да одиме со едно застанување.

Трката беше силна, особено со дополнителна позиција откако едниот Ред Бул се изврте. 8 поени за екипата е добар резултат – изјави Хулкенберг.


Сталожениот Хулкенберг, спасител за Рено

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>