Стаинер свесен дека имале многу среќа

60

Првиот човек на Хаас, Гунтер Гтаинер смета дека тимот имал среќа да заврши толку високо во поредокот откако Роман Гросжан и Кевин Магнусен го завршија Австриското Гранд При на 4то односно 5то место.

Американската екипа имаше конкурентен пакет во текот на целиот викенд на Ред Бул Ринг, а финишот е само едно место под подиум. Никој не можеше да предвиди дека двата болиди на Мерцедес ќе се откажат, истото ќе го стори и Даниел Рикардо, така што пласманот на американците во голема мера е среќен.

Сите знаат каков потенцијал имаме во болидотв. Потенцијалот не го претворивме во поени, но тоа е друга приказна. Роман Гросжан не освојуваше поени до сега, но тоа е сосема друг проблем.

Овој пат успеавме да дојдеме до поени. Имавме навистина многу среќа поради тоа што три болиди кои беа пред нас се откажаа од трката и можевме непречени да дојдеме до 4то и 5то место. На краот болидот покажа дека е најдобар од останатите денеска и доминантно го освои тоа место – појасни Стаинер.

Во својата историја, Хаас никогаш не биле пред Мекларен или Форс Индија кај конструкторите, но доколку сакаат да бидат најдобри од останатите на крајот од сезоната, мора да го минат и Рено. Французите се доста константни годинава, но Хулкенберг се откажа од трката, а Саинз заврши надвор од поени.


Стаинер свесен дека имале многу среќа

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>