Стаинер: Резултатите не го покажуваат потенцијалот

78

Гунтер Стаинер, првиот човек на Хаас, смета дека резултатите од првите три трки сезонава не го покажуваат вистинскиоит потенцијал на болидот. Иако на моменти јасно покажуваат дека се 4та сила во првенството, сепак по првите 4 трки од сезоната се наоѓаат на 8то место кај конструкторите.

Врвот беше во Австралија кога се возеа на 4то и 5то место пред да направат огромна грешка при менувањето на гуми кај Магнусен и Гросжан по што мораа да се откажат од трката. Данецот ги освои сите поени за екипата досега откако финишираше во топ 10 во Бахреин и Кина, додека во Баку имаше судар на почетокот што ги ограничи неговите перформанси.

Потенцијалот знаеме дека го имаме затоа што болидот е константно на добро ниво. Дури и кога носеа новини останатите тимови, бевме брзи и конкурентни, од првиот предсезонски тест.

Знам дека имаше 1-2 трки кога заостанувавме, но на другите секогаш сме 4ти или 5ти најбрз болид на патеката во текот на викендов, иако сме втора екипа одзади по освоени поени во 2018 година. Треба само да се сконцентрираме и добро да ги одработуваме викендите, а резултатите ќе дојдат со тоа – смета Стаинер.

Сепак, италијанскит тимски шеф не е загрижен за моменталниот пласман на тимот и верува дека резултатите ќе дојдат штом тимот покаже константност во текот на викендот.

Целиот последен викенд, се до почетокот на квалификациите беше одлично одработен, немавме никакви проблеми со болидот и сите завршија одлична работа. Моментумот беше добар, на трката имавме проблеми, но возачите се враќаа во поени цело време затоа што веруваат во тоа и веруваат во болидот. Не заостануваме.

Ние сме во позиција да имаме добра екипа, се е на место, само треба да одработиме се според планот во текот на викендот и ќе биде добро.

Во моментов чувствувам како се по малку да ни бега. Секогаш изгледа како да немаме доволно време, но сепак минаа само 4 трки, не велам дека сме фантастични и знам дека мораме подобро. Не е крај на светот – заврши Стаинер.


Стаинер: Резултатите не го покажуваат потенцијалот

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>