Стаинер предупредува за ширење на календарот

46

Тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер, ги предупреди Либерти Медиа да бидат внимателни околу ширењето на календарот и покрај тоа што трка во Мајами е извесно дека ќе се случи. Годинешнава сезона има дури 21 трка што е дури 4 повеќе од календарот пред 10 години.

Масивниот календар донесе за прв пат во историјата и три врзани трки, Франција, Австрија и Велика Британија кои ќе се возат на три последователни тркачки викенди. Италијанецот смета дека Либерти треба да бидат внимателни и да не претеруваат, но и да внимаав на фановите кои може да се заситат.

Можно е следната година да изостане некоја годинешна трка, но со дадавање на нова повторно ќе бидеме на 21. Секогаш има доаѓање и заминување. Мислам дека 22 трки се можни, но станува тешко. Ќе видиме како ќе биде сезонава и колку ќе биде тешко да се извозат три трки една по друга.

Мораме да бидеме внимателни. Мислам дека Либерти се многу добри, одлично набљудуваат се во моментов, но квантитетот на трктите не го подобрува квалитетот на календарот. Ако го добирме Мајами, го добиеме и Копенхаген ќе биде добро затоа што тоа се одлични места.

Сепак, прво треба да видиме како ќе се одвиваат три трки по ред, сме имале две во една недела, знаеме дека тоа е изводливо, но три не сме имале. Ќе има ли превисока цена толку густиот распоред? – смета Стаинер.

Тој смета дека вклучувањето на втора американска трка не носи некоја голема корист за нив.

Формула 1 е многу глобален спорт и не ни прави разлика колку американски трки ќе има. На крајот, Хаас бара глобално признавање на брендот, затоа што во Америка сите не знаат.


Стаинер предупредува за ширење на календарот

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>