Стаинер повторно го брани Магнусен

64

Шефот на Хаас, Гунтер Стаинер, повторно застана во одбрана на својот возач Кевин Магнусен, по инцидентот кој данецот го направи за време на петочната тренинг сесија. Бавниот К-Маг требаше да биде престигнат од Зауберот на Шарл Леклер, но данецот направи непотребен маневар блокирајќи го дебитантот за што доби јавна опомена од стјуардите на трката.

Ова доаѓа по Азербејџансото Гранд Пти кога Магнусен имаше опасен маневар, но тогаш мета беше Пјер Гасли во борба за позиција на трка.

Одеднаш сите се чувствуваат повикани да го критикуваат Кевин. Тој отиде кај стјуардите кои го опоменаа, но не доби поголема казна затоа што реално ја обласни ситуацијата. Нема потреба повеќе да се пишува за тоа.

Во моментов Кевин е “лошото момче“ во формула 1 така да што и да направи се критикува. Често е кај стјуардите, но барем го знае патот до таму – се пошегува Стаинер во својата изјава за дански Ekstra Bladet.

Италијанецот верува дека случајот со кевин е претеран и е свесен дека критиките ќе стивнат.

Сето ова има ефект на снежна топка. Во еден момент на луѓето ќе им се здосади да читаат за тоа и возачите ќе престанат да се жалат.


Стаинер повторно го брани Магнусен

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>