Стаинер: Никогаш не престанавме да веруваме во Гросжан

75

Гунтер Стаинер открива дека Хаас никогаш не се сомневале во способностите на Роман Гросжан и покрај неговата долга серија без поени. До Австриското Гранд При французинот немаше освоено поени на дури 12 трки, од Големаа награда на Јапонија во 2017 година.

Сепак, одличниот болид и откажувањата пред нив му го донесоа одличното 4то место на Ред Бул Ринг.

Беше многу блиску до добри поени на неколку наврати сезонава, но некако му се лизнаа. Мораме да останеме фокусирани и покрја одличниот резултат до кој стигнавме.

Секогаш сме верувале во него, тој долго време прави одлична работа за нас и знаевме дека ќе ни се врати Роман од минатата година. Се надевам дека ова ќе биде почеток на многу нови поени за тимот сезонава – најави Гунтер.

Тмскиот шеф додаде дека никогаш не побарал од Гросжан да го промени пристапот и покрај проблемит кои ги имаше од почетокот на првенството.

Емоциите поске некои од откажувањата, како на пример по Баку и Барселона беа многу големи. Но, самиот се врати во форма и тоа многу брзо. Зборувавме и му дадовме поддршка да продолжи да го работи тоа што го работи и резултатите ќе дојдат. Секако дека до сега имаше можност да стигне до 50 поени и самодовербата ќе му беше на високо ниво, но сега се врати и знае што треба да се направи – заврши Стаинер.


Стаинер: Никогаш не престанавме да веруваме во Гросжан

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>