Стаинер: Казната е “удар по лице“ за Гросжан

322

Тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер, смета дека одлуката на ФИА да го казни Роман Гросжан со три места за стартот на следната трка е само дополнителна навреда за возачот. Французинот загуби контрола на 3та кривина од првиот круг на трката, се обиде да се тргне од групата која надоаѓаше, но не успеа во тоа, елмиминирајќи го Нико Хулкенберг и Пјер Гасли.

Се обиде да се тргне од патот, тоа е негово објаснување, се обиде да мние од другата страна на патеката, но не успеа и удри два болиди. Требаше да донесе одлука дали да остане во место или да се обиде да стигне до другата страна, се обиде второто, но очигледно е дека не успеа.

Ако останеше мирен, можеби ќе елиминираше пет болиди, тоа нема да го дознаеме. Се најде во многу лоша позиција на средина од патеката и не можеше ништо да направи. За мене тоа беше обичен инцидент на стартот од трка.

Знам дека не изгледа убаво кога се обидувате да дадете гас на средина од патеката, но тоа е милисекунда во која треба да донесете одлука и тој го направи тоа. Жал ми е за Хулкенберг и Гасли, но тој не направи ништо намерно и не беше непретпазлив.

Во моментов неговиот углед “виси“ така што е лесна цел при било каква грешка – го објасни своето видување Гунтер Стаинер.


Стаинер: Казната е “удар по лице“ за Гросжан

3 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

  • Zoran Velkovski
    Zoran Velkovski
    Остави коментар

    Ne znam sto e cudno tuka. Ne mi bese jasna negovata namera. Od 1980 redovno sledam F 1 i vakvo nesto nemam videno. Da ostanese na mesto nemase nisto da se sluci a ne kako sto veli sefot Pet bolidi ke isfrlel. Dopolnitelno sto ja upropasti trkata vo Baku. Koga site ocekuvavme letecki start i borba toj neobjasnivo udri vo zidot. I sto e najtragicno ovaa ne mu e prv pat. Setete se koga vozese vo Lotus koga bese suspendiran edna trka.

    • Nenad Dimitrijevik
      Nenad Dimitrijevik

      Sto ti e nejasno za negoviot incident vo Baku? Vtora rabota ti vide kako se sluci incidentot? Ti gledas od 1980ta no ne vide izgleda zosto dojde do izvrtuvanjeto negovo

    • Zoran Velkovski
      Zoran Velkovski

      Ne vidiov stvarno ama slajfot sto go napravi da se vrati vo linija da prodolzi da se trka sto sekako e negovo pravo ama nerazumen poteg so koj gi isfrli ni krivi ni dolzni dvajcata namesto da ostane vo mesto go vidoa site