Стаинер губи трпение со Гросжан

213

Тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер, призна дека лошата форма и честите судари на Роман Гросжан полека почнуваат да го тестираат трпението во тимот. Французинот повторно се судри, овој пат со Карлос Саинз во Британија и заврши во ограда крај патеката.

Американците имаа одлични квалификации во Силверстон и почнаа од 4от ред по Австриското Гранд При каде завршија на фантастичните 4то и 5то место.

Не би рекол дека ова е повторно лоша среќа, затоа што станува фрустрирачки. Се надевавме по последната трка дека неговата форма ќе тргне во нагорна линија, но повторно сме лоши и повторно мораме да излегуваме од дупка.

Знаеме дека само напорната работа е излез од кризата, но тоа мора да се преточи во поени, а не во нови судари. Треба да сме горе и да се обидеме да стигнеме уште погоре, а во моментов трошиме многу енергија на “пеглање“ на дупките. Секогаш бркаме наместо да напредуваме – сликовите објасни Стаинер.

Стаинер повтори дека тимот стои зад Роман, но најави дека секое трпение има црвена линија и има крај.

Јас сум одговорен за успехот на екипата. Не знам која е точката за пресврт, но знам дека не сме таму, но во одреден момент, како што кажав и претходно, треба да престанеме да губиме поени. Тоа е пресвртот.

Не можеме и не смееме да продолжиме вака. На половина од сезоната сме и загубивме повеќе од доволно поени поради наши грешки, а тоа е неприфатливо.


Стаинер губи трпение со Гросжан

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>