Стаинер: Грешката на Роман не се очекува ни од дебитант

182

Роман Гросжан имаше срамен судар зад Безбедносното возило во Баку, а Гунтер Стаинер изјави дека такви нешто не се очекува нити од дебитант. Францускиот возач со глупоста отфрли добри поени за Хаас, но призна дека сето тоа било поради ненамерно притискање на едно копче на управувачот.

Такво нешто не се очекува нити од дебитант. Мислм дека не го користиме потенцијалот на болидот за да стигнеме до поени. Треба да бидеме многу високо во поредокот затоа што болидот има одлични перформанси.

На последната трка почнавме последни, а бевме на 8мо место со Роман, веднаш зад Перез. Сетоа тоа беше чиста брзина затоа што сите беа на едно застанување во боксот. Со Безбедносното возило одеднаш стигнавме до 6то место, но на крајот останавме без никаков поен – појасни Стаинер.

Во моментов американците имаат освоено само 11 поени од 4те извозени трки и сите поени благодарение на Кевин Магнусен.

Мора да им кажеме на сите во тимот дека ништо не погрешија и дека не е ничија вина што Роман се удри во ѕидот. Сите завршија добра работа, добро менуваа гуми и добро го подготвија болидот. Имавме одличен викенд, немавме застој со болидот и одработивме се како што треба.

Ќе продолжиме во исто темпо и ќе се враќаме во игра затоа што знаеме дека можеме да освојуваме добри поени и дека не заостануваме воопшто.

Имаме добар тим, се наоѓаме во добра позиција, се е во ред, само треба да продолжиме да работиме во текот на викендот, да одработуваме она што сме намислиле и се ќе биде во ред.

Во моментов се чувствуваме како да работитте ни бегаат од раце, секогаш како да немаме доволно време, но минаа само 4 трки, не велам дека сме фантастично, но не сме лоши – појасни Гунтер.


Стаинер: Грешката на Роман не се очекува ни од дебитант

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>