Стаинер: Аеродинамички промени многу ни ги сменија плановите

96

Шефот на Хаас, Гунтер Стаинер, откри дека аеродинамичките промени за следната година ги пореметиле развојните планови на екипата. Минатата недела Формула 1 комисијата изгласа одредени аеродинамички проблеми за следната година кои ќе го подобрат следењето на болидите и ќе го зголемат бројот на претекнувања на трка.

Пред ова, Хаас планирале да продолжат со развојот на ВФ18 болидот и во следната сезона, но изгласаните промени ги пореметиле нивните планови, со што повторно ќе треба да се интервенира со дизајнерите од Фалара.

Се носат нови аеродинамички правила за 2019 година и поради тоа ние сме приморанеи да го промениме нашиот план за следната година. Финалната одлука ќе биде донесена следната недела, додека оригиналниот план беше да се развива болидот до последен момент и да се искористи за следната сезона поради тоа што правилата ќе останат исти.

Во моментов не сме разговарале со момците во Италија за да се договориме како е најодбро, сеуште не сме имале вреем за тоа. За малите екипи не е никаква предност да се менуваат правилата за следната година, ние ќе дадеме се од себе иако знаеме дека нема да биде воопшто лесно – смета Стаинер.


Стаинер: Аеродинамички промени многу ни ги сменија плановите

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>