Според Култхард, Хамилтон ќе се откаже по 2020

215

Поранешниот Формула 1 возач и сегашен коментатор, Дејвид Култхард, верува дека Луис Хамилтон би можел да се пензионира од спортот по 2020 година.

Мислам дека сигурно го има тоа на ум. Мислам дека ќе остане до 2020 година кога и завршува моменталниот Конкорд договор. Тој договор одредува како ќе изгледа спортот, согласно тимовите, ФИА и сопственикот на комерцијалните права.

Но мислам дека по 2020 година постои шанса тој да го објави својот прв музички албум на кој што работи – изјави Кулхтард за ББЦ радио.

Запрашан кој смета дека би го заменил Хамилтон како претставник на британскиот моторспорт, Кулхтард смета дека тоа ќе биде шампионот во ГП3, Џорџ Расел.

Тој е во Мерцедес како резервен возач, не е познат на меѓународна сцена. Но дефинитивно има одлични способности, талент и потенцијал. Потенцијалот е голем збор во овој спорт, многумина од младите возачи стануваат дел од спортот поради потенцијал. А потоа времето ќе покаже дали ќе го исполнат тој потенцијал. Но мислам дека Расел треба да се следи – смета Дејвид.

Култхард не гледа реален потенцијал за женски возач и влез на истиот во врвот на моторспортот во блиска иднина, но тој воопшто не е против идејата.

Не постои физичка пречка зошто жена не би можела да биде успешна во овој спорт. Историски гледано, тие се подобри возачи од мажите бидејќи има помалку судари предизвикани од жени на патиштата. Тоа на некој начин може да биде случај и во тркањето!

Прашање на броеви е. Мојата најмала сестра се тркаше со картинг и победи на некои трки, така што мислам дека таа има поголем природен талент одколку јас што имав.

Но јас работев и се развивав без престан со цел да се подобрам, го вадев најдоброто од мене. Таа престана да се трка, но се се сведува на бројките – сподели Култхард.

Говорејќи за потенцијалната пензија на Хамилтон, Култхард истакна спомени од своето време во Формула 1 и неговото приспособување кон нормалниот живот.

Реалноста е дека нема ништо како возење 220 милји на час, сопирајќи во свиок или поминувајќи низ свиок со брзина од 150 милји на час. Адреналинот е огромен. Не ми е потребно тоа повеќе и реалност на нормалниот живот е поедноставна. Јас се одличив да бидам дел од медиумскиот свет.

Една година неможев да не посетам теретана. Тоа беше дел од мојот живот 20 години. Последното нешто пред заспивање беше Формула 1. Првото нешто по будење беше Формула 1.Тоа е многу себичен свет.

Дури и пред да се доближам до Формула 1, како тинејџер со татко ми го планиравме патот до спортот, тој ми раскажуваше како Џејмс Хант работел со Мури Вокер, кој беше коментатор на ББЦ во тоа време.

Тој ми кажа; Синко, по твојата кариера, можеби треба да размислиш за коментаторско место. Не беше дека имам глас кој сите мора да го слушнат, но дефинитивно бев мотивиран.

Од скоро гледав и кон Top Gear како опција кога Крис Еванс се приклучи на тимот. Но немаше можност поради моите ангажмани со Канал 4 за Формула 1.

Тие го имаат мојот број, но никој не ме повикал – додаде Култхард.


Според Култхард, Хамилтон ќе се откаже по 2020

3 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>