Сопирачките виновни за откажувањето на Макс

166

Ред Бул се сомнева дека сопирачките се виновни за откажувањето на Макс Верстапен во последните кругови од Британското Гранд При. Холанѓанецот се бореше со Кими Раиконен по повлекувањето на второто Безбедносно возило и го загуби своето 4то место.

Потоа, младиот возач беше нападнат од својот тимски колега, но загуби контрола на кривината Клуб на 6 кругови пред крајот на трката. Се врати на патеката, но по неколку кругови се паркираше и се повлече од трката.

Кристијан Хорнер појасни дека откажувањето на brake-by-wire системот бил виновен за извртувањето и откажувањето.

Ја оштетивме спојката во тој круг и потоа болидот заглави во една брзина. Штета затоа што Макс навистина извозе жестока трка – појасни Хорнер.

Даниел Рикардо финишираше на 5то место откако не успеа да го мине Валтери Ботас кој имаше истршени медиум гуми во последните кругови.

По незавршената трка, Макс назадуваше на 6то место во поредокот со 78 поени заостаток зад лидерот Себатијан Ветел.


Сопирачките виновни за откажувањето на Макс

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>