Созреаниот Ветел научил да премолчи на критиките

265

Себастијан Ветел открива дека по цела деценија Формула 1 кариера научил повеќе да ужива во тркањето од порано, но и да премолчува на некои критики. Германецот ја почна сезоната со две победи, следуваше лошото издание од Кина и неубедливиот Азербејџан по што го загуби водството во генералниот поредок, но не е загрижен поради тоа затоа што знае дека сеуште се побрзи од Мерцедес.

Резултатот не менува ништо затоа што знам дека сеуште имаме фантастичен болид – смета 30-годишниот пилот на Скудерија.

Себ смета дека искуството и созреаноста му донеле константност на патеката како и опуштеност во однос на некои критики.

Кога раснете го менувате погледот на некои работи и станувате помудар, така што се менуваат многу работи, а мотивацијата е различна. Можеби гледате на работите од малку поинаков агол.

Најважно е да знаете кој сте и да не се лажете себе, потоа може да си дозволите да слушате помалку што се зборува наоколу, да бидете одвлечен од тој момент и едноставно да уживате во тркањето.

Четирикраниот првак ја минува сезонава во борба за титула со Луис Хамилтон, кој исто така има 4 титули, а двајцата се само на една од достигнувањето на легендарниот аргентинец, Хуан Мануел Фанџо.

Ако сакате да се борите за врвот, не смее да дозволите многу да грешите. Било кој што бил на врвот или е на врвот, вообичаено вози на страшно високо ниво, работи како што треба во текот на викендите на сите патеки, но и надвор од патеките – заврши Ветел.


Созреаниот Ветел научил да премолчи на критиките

0 Коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>