Сироткин: Тешките моменти не обединуваат

31

Сергеј Сироткин откри дека тешкиот старт на Вилијуамс оваа Формула 1 сезона го прави тимот многу посилен. Дебитантот заедно со својот тимски колега Ленс Строл, не кријат дека ФВ41 е промашување и најбавен болид на патеката, но исто така желни се да го развијат и да се подобрат.

Проблемот на екиптата од Гров е видлив уште од предсезонските тестови во Барселона каде, а позитивно сезонава беше само 8то место на Строл низ улиците на Баку.

Да бидам искрен, преживуваме тешки моменти и се разбираме дека не уживам да се мачам како со брзината така и со вкупните перформанси, но уживам во силниот предизвик. Во моментов работиме одлично и армосферата е одлична затоа што имаме јасна задача и цел пред нас.

НАчинот на кој се обидуваме да го решиме проблемот не обединува сите и навистина уживам во фабриката да работам со сите од тимот, да се борам секој ден да ги решавам проблемите и да сум дел од нешто што е многу значајно. Уживам.

Јасно е дека не е воопшто убаво да не сте брз болид на трка, но убеден сум дека ќе ја пребродиме кризата и ќе бидеме горди на сработеното, ќе останеме обединети и ќе работиме како и дотогаш – појасни Сироткин.

Русинот има и казна од 3 места на стартот од Шпанското Гранд При по сударот со Серхио Перез во Азербејџан.


Сироткин: Тешките моменти не обединуваат

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>