Сироткин смета дека немале шанса да останат на средината

49

Сергеј Сироткин смета дека немале шанса да возат на средина од поредокот во Канада откако Вилијамс уште една трка се мачеше со очајно слабиот ФВ41 болид. Русинот добро тргна и беше на 13то место додека на патеката беше Безбедносното возило, но по рестартот не успеавше да држи ритам со ривалите пред себе.

Многу тешка трка. Стартот беше тежок со гумите што ги имавме затоа што останатите имаа многу помека компонента, но успеав да “ќарам“ неколку позиции на почетокот. Со Безбедносното возило и очајното загревање на најтврдата компонента беше невозможно да имам исти ритам како останатите, бевме најбавен болид на патеката и едвај ја завршивме трката. Реално сме на ова место и мораме да бидеме искрени во врска со тоа – појасни Сироткин.

Вилијамс рано менуваа гуми со цел да ја зачуваат позицијата на патеката, но ситуацијата и со ултрасофт не беше добра за нив.

Сергеј загуби доста позиции поради проблеми со загревањето на потврдата гума така што ги загуби позициите кои ги доби пред Безбедносното возило.

Потоа се реши да ја штити својата позиција од Ериксон и Ванродн, а ние одбравме рано да менуваме на ултрасофт и да возиме до крајот мислејќи дека тоа ќе ни донесе предност, но за жал немавме ритам и брзина и на помеките гуми кои се покажаа побавни за нас од суперсофт.

Знаеме дека не сме каде што сакавме да бидеме и ни претстои доста работа, но работиме многу напорно во фабриката и ќе се вратиме силни како и секогаш – појасни Пади Лоув.

По оваа трка Вилијамс останува на дното на поредокот со само 4 поени.


Сироткин смета дека немале шанса да останат на средината

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>