Сироткин: Првиот круг беше навистина “прљав“

48

Големата награда на Азербејџан за Сергеј Сироткин заврши по само три кривини во рвиот круг откако тој беше дел од еден инцидент по кој заврши со дупната предна лева гума. Возачот на најпрво удри во задниот дел на Форс Индијата на Серхи Перез, а потоа имаше контакт со Нико Хулкенберг од Рено и Фернандо Алонсо од Мекларен.

Првите неколку кривини беа навистина нечисти. Бев помеѓу два болиди во пресрет на 3та кривина, бавно напредував и бев притиснат од тие болиди наоѓајќи се во средината. Во тој моментв сватив дека не можам да го избегнам сударот и само го отпуштив педалот за гас надевајќи се дека нема да ме притиснат од двете страни и да дојдеме во судар, но не можев ништо повеќе од тоа. Се допревме, мојот болид потскокна по што се скрши суспензијата во предиот дел како и предното крило – расказжува Сироткин.

Русинот се надеваш на своите први поени во формула кариерата откако се квалификуваше на високото 11то место со болид кој ветуваше доста и имаше стабилен ритам.

Навистина ми е жал за трката затоа што беше толку долга, а јас бев нетрпелив да надоместам позиции на стартот. Штета. Паркирање на болидот на 3та кривина во првиот круг е многу лошо чувство затоа што ова беше најдобар викенд досега за нас и можев да стигнам до поени.


Сироткин: Првиот круг беше навистина “прљав“

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>