Се переле пари во Монца?

274

Денешните италијански медиуми пренесуваат дека обвинителите откриле софистициран начин за перење на пари поврзан со организацијата на Формула 1 во Монца. Според La Repubblica, истрагата која почнала во 2012 година открила избегнување на данок како и систем на лажни фактури околу спонзорските договори со возачите, а мрежата била поставена од страна на организаторите.

Извештајот во весникот пренесува дека под истрага биле 82 луѓе, но и дека поранешниот Формула 1 супремо, Берни Еклстон бил испрашуван, како и Николас Тод, менаџер на многу возачи, како и син на Претседателот на ФИА, Жан Тод.

Се верува дека Тод, кој во моментов ја менаџира кариерата на Шарл Леклер од Заубер е осомничен од властите дека вештачки го напумпал спонзорскиот договор со сега починатиот Жул Бјанки, тогашен возач на Марусиа, за чија кариера исто така се грижел.

Италијанските обвинители сметаат дека истрагата не завршува тука и дека системот е копиран и од страна на останатите европски Гранд При трки на календарот.


Се переле пари во Монца?

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>