Себ: Не е точно дека на Кими не му одговара Ферари

398

Себатијан Ветел смета дека тој и неговиот колега се на исто ниво, иако е свесен дека финскиот ветеран нема победено на трка долго време. Големата награда на Шпанија следниот викенд ќе биде 100та трка од последната победа на Раиконен која се случи во Австралија во 2013 година.

Од почетокот на 2015 година откако возат заедно во Ферари, Кими само на 11 трки имал подобар резултат и пласман од Себ, период во кој германецот триумфирал во 10 наврати.

Прва работа што секогаш се гледа е резултатот на вашиот тимски колега, но ако погледнете мналку подлабоко…

Мислам дека годинава сме невројатно блиску. Да бидам искрен, најчесто во Петок е подобар од мене.

Понекогаш јас се мачам со подуправувањето и чувството во болидот, но го знам него, ја знам неговата сила, има невројатен талент и знае лесно да мине околу проблемите.

Сигурен сум дека годинава сме многу блиску – појасни Ветел.

Откако неколку пати беше користена од страна на Ферари опцијата во договорот на Кими, согласно која тој продолжуваше да вози во Маранело, веројатно дека оваа сезона ќе биде последна за него. Се шпекулира за трансфер на Даниел Рикардо од Ред Бул со што повторно Ветел би возел во тандем со Дани.

Ако ги погледнете претходните години, повторно не добивате целосна слика затоа што судејќи по резултатите ќе заклучите дека сум доминирал, но воопшто не беше така ни од далеку.

Мислам дека сме одличен тандем и супер се надополнуваме. Немаме никаков проблем меѓу себе, имаше трки каде јас зезнав и се судрив во него елиминирајќи го од трка, но продолживме понатаму. Тоа е огромен бонус за екипата и нас за поголемо уживање во сезонава – заклучи Ветел.


Себ: Не е точно дека на Кими не му одговара Ферари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>