Саинз: Kaтастрофална трка уште од стартот

57

Иако освои поен во трката во Монако, Карлос Саинз го опиша своето неделно попладне како катастрофа. Возачот на Рено ја започна трката од 8мо место на гридот, но на крајот на 78те кругови, изгуби две позиции.

Саинз имаше големи проблеми со деградација на пневматиците, откако премина на ултрасофт во 15от круг. Според него, тоа бил главниот проблем.

Многу лошо, горчливо чувство. Мислам дека трката беше катастрофа од самиот почеток. Иако ги чував пневматиците, предните многу се деградираа. Не знаеме зошто и мора да внимаваме на тоа.

Одлуката да преминеме на ултрасофт во 15от круг не беше правилна. Не ја очекував таа деградација, мислам, ја очекував, но очигледно други луѓе не ја очекувале.

Мислам дека трката беше загубена уште пред да го пропуштам Нико. Иако е Монако, приоритет е тимот да освои поени. Освоивме повеќе поени од Мекларен денес. Грешката се случи далеку пред тој момент. Пропуштањето на Нико беше само дополнување – изјави Саинз.


Саинз: Kaтастрофална трка уште од стартот

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>