Саинз сака да продолжи во ист стил

53

Карлос Саинз започна со импресивна постојаност во својата форма годинава со тимот на Рено. Шпанецот стартуваше во топ 10 во сите шест трки досега, а заврши само еднаш надвор од поени, во Бахреин.

Во Монако заврши на 10то место. Сепак и тој е свесен дека мора да продолжи со формата и да цели кон подобри пласмани. И покрај постојаноста, Саинз сеуште е 1 место и шест поени позади тимскиот колега Нико Хулкенберг во генералниот пласман.

Мислам дека е позитивно што изгледаме конкурентно и што освоиме поени во последните неколку трки. Важно е да продолжиме со освојување на поени.

Сега треба да продолжиме со оваа постојаност и да бидеме на повисоки места во топ 10 – изјави Саинз.

Канада е можеби патека токму за такво подобрување, доколку избегне инцидент како од пред 12 месеци кога во првиот круг имаше судар со Роман Гросжан.

Дефинитивно е поинаква патека. Многу слична на Мелбурн, со мешавина од уличен дел и постојана тркачка патека. Патеката е често нечиста со лисја, дури и диви животни во почетокот на викендот. Тоа е мал предизвик.

Ми се допаѓа секторот помеѓу свиоците 4,5,6 и 7. Ѕидовите се блиску до вас и мора да го најдете вистинскиот ритам. На крај, го имате и Ѕидот на Шампионите. Последната шикана. Ова е уште една легендардна патека на календарот!

Монтреал е еден од моите најомилен градови за посета во Гранд При календарот. Навистина уживам. Влезот во падокот е уникатен. Мора да поминете преку еден мост на другата страна на езерото. Навистина кул тркачки викенд! – додаде Саинз.


Саинз сака да продолжи во ист стил

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>