Саинз смета дека болидот бил невозможен

60

Карлос Саинз откри дека неговиот болид бил невозможен за возење во најголем дел од Големата награда на Австрија откако речиси цела трка имал проблеми со гумите кои не можел да ги реши. Болидот на францускиот фабрички тим годинава покажува тенденција на зголемена деградација на гумите сезонава.

Виртуелното безбедносно возило му овозможи да ги промени ултрасофт по само 15 кругови, но по 19 кругови на софт повторно влезе во бокс по суперсофт. Иако стартуваше во топ 10, трката ја заврши без поени, на 12то место.

За жал, проблемите со гумите почнаа уште во 5от круг кај секоја од компонентите освен суперсофт. Изгледавме како едни од побрзите во средина на поредокот зад Хаас и Форс Индија. Променивме на софт, но по 5 кругови загубивме перформанси.

Ваква трка никогаш не смее да се повтори и мораме темелно да анализираме затоа што болидот денеска беше невозможен за возење 55 кругови од вкупно 70 колку што траеше трката. Вибрациите беа насекаде, не можев да ги видам точките на кочење, не можев ни управувачот добро да го завртам. Мораме да разбереме зошто тоа беше така – смета Саинз.

Сепак, тој потенцираше дека правел се што знае и може, адаптирајќи го својот возачки стил со цел да ги зачува гумите.

Ги менаџирав гумите повеќе одошто во Петок и покрај тоа разлика немаше така што сигурно нешто фундаментално се случуваше со патеката или со нашиот болид. Ако го иамвме балансот кој го имавме цел викенд, ќе завршевме пред Форс Индија, а зад Хаас.

Немавме грип, а немавме ни соодветна видливост за да притисаме, така што само вртевме кругови цел ден. Мислам дека мораме да најдеме шанса да ги решиме проблемите пред Силверстон кој е многу остар на гумите. Денеска гумите беа главен наш лимит и ни штетеа повеќе одошто на другите.

Сирил Абитебул, првиот човек на Рено, призна дека проблемите од Спилберг мора да бидат решени пред следната трка.

Ова беше изненадување и не можеше да биде предвидено во Петок. Јасно е дека во Петок амбиентот и окружувањето е поинакво, исто и температурата, но така е секогаш. Но, свесни сме дека откако почна сезоната имаме болид кој навистина многу “ги јаде“ гумите, а така беше и во Австрија.

Сметам дека тоа мора да ни биде приоритет за решавање затоа што доколку тоа се случи на патеки со долги и брзи кривини како Силверстон, работата ќе биде полоша – смета Абитебул.


Саинз смета дека болидот бил невозможен

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>