Саинз задоволен од 9то место

56

Карлос Саинз од Рено стигна до 9то место на денешните квалификации, пласман со кој е задоволен поради тоа што францускиот фабрички тим повторно е со два болиди во К3.

Сепак, Рено не беа најдобри од останатите на овие квалификации затоа што освен топ 3 екипи, Хаас со Роман Гросжан и Кевин Магнусен беа пред нив. Но, тие се задоволни од константноста оваа сезона.

Имавме добри квалификации и се подобривме во однос на Петок. Не бевме во топ 10 вчера, но денеска влеговме во најбрзите 10, иако сме доста ад Хаас и зад еден од болидите на Ред Бул – смета Саинз.

Во однос на инцидентот во К1 кога Себастијан Ветел го блокираше неговиот круг тој објасни дека блокадата не донела никакви последици за него.

Тоа не ги промени многу моите квалификации иако проади тоа го оштеетив предното крило кое чини доста пари. Не знаев како ќе минам потоа, но за среќа немав никакви проблеми и тоа не влијаеше на мене. Сметам дека Себ не ме виде иако требаше и мораше да биде предупреден по радиото.

Шпанецот овој пат го победи на квалификации и својот тимски колега што му станува навика откако од почетокот на сезонaта беше редовно поразуван од Нико.


Саинз задоволен од 9то место

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>