Саинз задоволен од пласманот пред домашна публика

39

Карлос Саинз имаше силна домашна трка, стигна до одлични поени што го ставија Рено на 4то место кај конструкторите, прв пат по враќањето на францускиот производител со своја екипа во Формула 1.

Рено имаше проблематичен старт на викендот, но се подобруваа како одминуваа сесиите. Карлос почна од 9то место, доби позиција на стартот и откажувањето на Раиконен му го донесе 7то место.

Позитивен резултат за мене и за екипата. Можеме да бидеме горди на тоа што го постигнавме викендов на оваа патека која не е идеална за нашиот болид.

Одлично се развивавме од Петок и ги свртевме работите во наша корист успевајќи да завршиме на 7мо место што беше одличнен резултат.

Беше одлично што стигнав до уште еден одличен резултат пред домашната публика пред која обожавам да се тркам. Благодарен сум за поддршката и затоа што направивме одличен исчекор во средината. Има работи кои треба да ги подобриме, но свесни сме дека напредуваме – смета Карлос.


Саинз задоволен од пласманот пред домашна публика

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>