Саинз веќе ги жали МотоГП возачите

400

Возачот на Рено, Карлос Саинз, веќе почна да ги сожалува МотоГП возачите кои ќе се тркаат на Силверстон следниот месец затоа што патеката која на почетокот на годинава доби нов асфалт е многу понерамна од порано. Силверстон и Барселона добија нов асфалт сезонава на Барање на МотоГП возачите поради нерамнините кои ги имале, а со кои многу тешко “моторџиите“ излегувале на крај.

Според шпанецот, легендарниот британски автодром е многу понерамен од лани, а дури и неколку Формула 1 возачи имаа судари поради тоа.

Чудно е затоа што очекував новиот асфалт да биде ист како оној во Барселона каде возевме во Мај. Таму беше фантастично дури и предобро затоа што патеката беше како мраз, без никакви нерамнини. Но, изненаден сум од тоа што го направиле овде, подлогата е многу понерамна дури и има повеќе дупки споредено со минатата година.

За мене таквиот асфалт не е проблем, но навистина уште од сега ги жалам МотоГП возачите кои бараа промена на асфалтот, но нема да го добијат ефектот што го сакаа – заклучи Карлос.

Во врска со петочната сесија, Саинз беше задоволен од напредокот на тимот во Петок како прв ден од тркачкиот викенд.

Продуктивен и позитивен ден отколку последните неколку тркачки викенди каде се мачевме да најдеме ритам во Петок, но го наоѓавме дури во Сабота. Задоволни сме што комплетиравме многу кругови денеска со што направивме многу подобра база за она што следи. Дефинитивно имавме подобар баланс од Австрија и Франција – заклучи шпанецот.


Саинз веќе ги жали МотоГП возачите

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>