Роуланд: Добро прво искуство со овогодинешниот болид

24

Оливер Роуланд уживал во својот прв ден во тековниот болид на Вилијамс во кој поранешниот Формула Рено шампион комплетираше 121 круг. Британецот доби шанса да тестира по многу тешкиот викенд за тимот на Големата награда на Шпанија, така што имаше многу работа пред себе.

Неговото време беше 9то по вредност. Тој се заблагодари за шансата од екипата и се надева дека информациите кои ќе ги каже на тимот, ќе им помогнат да се подобрат.

Навистина добар ден, комплетиравме многу кругови и работевме согласно програмата. Беше добро да се има првиот тест годинава, тимот наули доста така што можеме да бидеме среќни. Всушност бев доста конфорен бо болидот и брз почнав да поставувам конкурентни времиња. Не возев брзо како што можам затоа што не сакав да ризикуам ништо.

Утрото минавме низ многу работи со нови и стари гуми и беше интересно да се почувствува се. Морам да им заблагодарам на Вилијамс за можноста во која уживав. Се надевам дека мојот фидбек ќе им помогне – смета Роуланд.


Роуланд: Добро прво искуство со овогодинешниот болид

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>