Розберг: Макс наликуваше на Хамилтон

269

Враќањето во форма на Макс Верстапен во Канада беше карактеристично за трансформацијата која ја прави Луис Хаилтон, смета поранешниот светски Формула 1 шампион, Нико Розберг. По серија од инциденти на првите трки од сезоната, холанѓанецот пристина во Монтреал под притисок и испорача подиум.

Тој не погреши ништо цел викенд, доминираше на тренинг сесиите, се квалификуваше како 3ти и со рутинска и безгрешна трка заврши на истото место. Нико смета дека испорачувањето на силен резултат под притисок и лутина е карактеристика на неговиот поранешен колега Хами.тон.

Епски викенд за Верстапен, покажа дел од став како Луис Хамилтон од себе викендов. Кога Луис е лут тогаш е најдобар затоа што знае тоа да го канализира во неверојатни перформанси и мислам дека Макс покажа таква карактеристика викендот, имаше дополнитлен фокус.

Беше прв на сите тренинг сесии, имаше одлични квалификации и заврши на 3то место и сметам дека имаше многу добар викенд за себе.

Луис од своја страна имаше сосема некарактеристичен и лош викенд. Јасно е дека мораше да се трка со стар мотор и да се квалификува со стар мотор. Типично за него е да губи мотив кога работите не се одвиваат како што сака – објасни Розберг.


Розберг: Макс наликуваше на Хамилтон

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>