Розбергови ќе демонстрираат низ Монако

136

Гледачите крај патеката во Монако ќе бидат почестени со присуството на Кеке и Нико Розберг кои во Четврток ќе демонстрираат по патеката неколку кругови со победнички болиди.

Кеке Розберг ќе управува со Вилијамс ФВ07Ц од 1982 година, додека Нико ќе го управува својот В06 Мерцедес со кој стигна до шампионска титула пред две години.

Во Четврток за време на ручен ќе возам со татко ми. Двајцата ќе управуваме со болидите со кои стигнавме до Формула 1 титули, татко ми со неговата од 1982 година, јас со мојата од 2016 година. Ќе го “бомбардираме“ Монако заедно неколку кругови, мислам дека ќе биде многу забавно и едвај чекам – напиша Нико на социјалните мрежи.

Розбергови се единствени татко и син со триумф во Монте Карло, Кеке победи во 1983 година со Вилијамс ФВ08Ц, додека синот победи пред 5 години.


Розбергови ќе демонстрираат низ Монако

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>