Рикардо ќе тепа од очај

346

Големата награда на Австрија на Ред Бул Ринг беше катастрофален роденденски подарок за Данирл Рикардо откако мораше да се откаже во 54от круг поради проблеми со болидот. Седумкратниот победник на Гранд При трки смета дека тимот можел до 1-2 победа што во еден момент се чинеше и реално.

Фрустрирачки е, но тоа е што е и ништо не може да променам. Јасно е дека сум разочаран со тоа како се одвиваше денот за мене затоа што во еден момент Ред Бул имаше 1-2 победа – ја започна изјавата разочараниот возач.

По првото влегување во боксот, по само неколку кругови на патеката, Рикардо го мина Кими Раиконен, но смета дека немал пакет за да го предизвика својот колега за победа.

Штом ги ставив софт гуми немав добри перформанси. Се мачев во првите неколку кругови иако бев доволно брз да го поминам Кими Раиконен кој направи грешка на 3от свиок и ми дозволи да го нападнам.

Штом дојдов пред него можев да се одлепам, но видов дека гумите едноставно се распарчуваа што беше многу чудно за мене. Не знам дали беше тоа од некакви остатоци на патеката, но факт беше дека можеа да откажат. Мислам дека Кими го постави најбрзото време во последниот круг со истите гуми кои ги стави кога јас прв пат влегов во боксот, а јас морав 30 кругови подоцна повторно да променам, а потоа и Луис го направи истото. Можеби некакви остатоци ги оштетија моите, не знам.

По денешното разочарување тој на шега изјави дека сака да го промени спортот и ќе побара од УФЦ Претседателот Дејна Вајт да го пушти да се тепа во рингот.

Беше еден од оние денови многу лоши за мене.

Доцна е да ја променам кариерата и да почнам да се борам во ММА? Да го прашам Дејна? Ионака нмам догово на крајот од годинава, може и да го променам спортот. Дејна Вајт, ако слушаш, имам уште малце да се потркам, но ако сакаш за неколку години да ме пуштиш во рингот да се ослободам од насобраниот стрес – се пошегува Дани.


Рикардо ќе тепа од очај

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>