Рикардо ќе избегне казна во Канада

108

Даниел Рикардо нема да добие казна на гридот викендов за Канадското Гранд При, иако постоеше минимален страв во неговата екипа дека токму тоа може да се случи.

Рикардо победи во Монако иако откажа неговата МГУ-К единица, која мораше да се промени за Канада, додека пак снабдувачот со агрегати Рено, носи големо подобрување на својот мотор.

Техничкиот шеф на Ред Бул, Адријан Њуи, изјави минатата недела дека Рикардо дефинитивно ќе добие грид казна поради користење на повеќе елементи од дозволеното, но по пристигнувањето во Канада тимот дозна дека тоа нема да биде случајот.

Одговорот е не. Очигледно доколку нешто се случи во тренинг сесиите најверојатно ќе добијам казна, но засега одговорот е не.

Ме известија дека нема да добијам казна. Ако се случи нешто во тренингот, ќе бидеме приморани да го промениме делот. Сеуште имаме доволно делови кои ќе ги користиме, а доколку се издржливи ќе ги користиме во текот на целиот викенд – изјави Рикардо.

Сепак, Даниел признава дека тоа не значи дека нема да има дополнителни казни поради моторот во 2018 година, сметајќи дека грид казна би можела да се случи веќе на следната трка во Франција.

Би можело да се случи на Пол Рикар. Кога слушнав дека може да имаме казна тука, помислив да ја земам на трката во Франција, не тука.

Ова е тешка патека за претекнување. А по резултатот во Монако, казна ќе ни го уништете моментумот. Ако можам да поминам без казна викендов, повеќе би сакал да е на следна трка.

Сеуште постои шанса за титула, минимална шанса. Би рекол дека тоа е најдобра шанса што сме ја имале во последните неколку години. Но минимална е, а дури и да бев малку побрз како на пример, Луис, сеуште ќе заостанував во поени. Сезоната не започна денес. 40 поени сум позади него. Разликата е голема, така што треба да бидам супериорен за да победам во првенството.

Имаме шанса да се изедначиме во текот на сезоната, но дали ќе бидеме значително подобри. Мислам дека има само минимална шанса – додаде Рикардо.


Рикардо ќе избегне казна во Канада

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>