Рикардо ќе добие казна на стартот во Канада

522

Иако првично објавија дека МГУ-К проблематичниот дел од Системот за повраток на енергијата кој беше во дефект во Монако нема да биде променет, сепак Ред Бул се решија да го променат истиот по што Даниел Рикардо ќе добие казна на стартот.

Во 18от круг во Монако австралијанецот пријави дека губи моќ од моторот, но Себастијан Ветел зад него не успеа да најде брзина и простор за да го мине и да му ја превземе позицијата.

Дефинитивно ќе добие казна во Монтреал иако во моментов не сме сигурни колку. Една од работита која треба да се испитаат е колку била оштетена батеријата така што додека не ја добиеме таа информација од Рено, не можеме да бидеме точни со информацијата. Со промена на МГУ-К дефинитивно ќе добиеме казна.

Од првиот момент се сомневав дека МГУ-К е добро со оглед на тоа што беше зафатено од пожар и не изгледаше воопшто добро така што првичните информации дека нема да има промена беа чисти шпекулации – појасни Адриан Њуи за Reuters.

Првиот МГУ-К кинетички дел на Дани беше променет во Бахреин, но тогаш мина без казна затоа што две кинетички единици се дозволени. Сепак, во Канада ќе биде имплементирана третата.


Рикардо ќе добие казна на стартот во Канада

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>