Рикардо смета дека Мерцедес има предност во Канада

128

Возачот на Ред Бул, Даниел Рикардо, смета дека Мерцедес имаат предност викендов во Канада, иако неговиот тимски колега, Макс Верстапен, заврши на првото место по првите слободни тренинг сесии.

Додека Верстапен постави време од 1:12.198 и беше пред Кими Раиконен и Луис Хамилтон, неговото време беше поставено на хиперсофт компонента, додека Мерцедес избегна да ги употреби тие пневматици поради ограничениот број.

Рикардо смета дека Хамилтон е во можност да биде побрз од Верстапен.

Според мое мислење, Мерцедес изгледаат многу силно, времето кое го поставија на ултрасофт беше брзо, а на хиперсофт ќе бидат сигурно под 1:12.

Темпото на Макс е позитивна глетка. Немавме ден без проблеми и моравме да се погрижиме за проблем со електрониката. Проблемот го имавме од утрината, се обидовме да го поправиме за време на паузата, но не успеавме.

Успеавме да поминеме неколку кругови кон крајот на Т2, но доволно за да добиеме податоци од болидот. Знаеме во која насока треба да го подесиме сетапот. Малку е фрустрирачки што не поминавме повеќе кругови, но се надевам на Сабота без проблеми – изјави Рикардо.


Рикардо смета дека Мерцедес има предност во Канада

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>