Рикардо останал без ДРС во својот К3 круг

78

Даниел Рикардо откри дека неговиот најбрз круг во последниот квалификациски сегмент бил извозен без користење на ДРС системот и поради тоа стигнал само до 6то место со значителен заостаток зад својот тимски колега од половина секунда.

Загубив ДРС помеѓу 4от и 6от свиок од патеката во мојот последен брз обид. Реално немав најбрз обид, штета затоа што се се случи во многу лош момент за мене.

Тоа ме чинеше неколку десетинки, но не е крај на светот за нас. Фрустрирачки е, но свесни сме дека заостануваме викендов на правците и тоа е тоа.

Кога видов дека притискав на ДРС копчето, но ништо не се случи на правецот, бев уште повеќе фрустриран – објасни Рикаро.

Австријалецот се надева дека тој и Ред Бул може да профитираат од времето со евентуално појавување на дожд утре.

Искрено се надевам дека нема да биде здодевна трка со едно застанување во боксот. Мислам дека утре ќе биде уште потопло и мислам дека две застанувања ќе биде најбрзо решение.

Одбравме да зачуваме нов сет софт во К2 доколку истите ни се потребни на трка да имаме предност во однос на гумите.

Во пресрет на квалификациите знаевме дека ќе бидеме 5то и 6то место, така што од почеток сме посветени на вадење максимум од трката – заврчи Рикардо.


Рикардо останал без ДРС во својот К3 круг

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>