Рикардо: Ова е искупување

99

Даниел Рикардо тврди дека победата во Монако е искупување за проблемот во боксот пред 2 години, проблем кој таа 2016 година го чинеше триумф во Монте Карло.

Австралијанецот победи и покрај проблемите со моторот на Рено кој се појавија на 50 кругови пред крајот на трката. Иако загуби пред две години оваа победа за него е нешто повеќе.

Мислам дека имаше повеќе емоции од вчера. После две години конечно дојде искупувањето. Имавме проблеми. Имав доста работа во текот на трката. Почуствував губење на сила од моторот и мислев дека е готова трката. Ја завршив трката со шест брзини во менувачот – објасни Рикардо.

Оваа победа на Рикардо доаѓа на јубилејната 250 трка за Ред Бул, и австралијанецот ги пофали напорите на тимот.

Му благодарам на тимот. Се вративме. Имаше проблеми на средината но победивме во Монако. Чувството е одлично.


Рикардо: Ова е искупување

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>