Рикардо не сака фаворитски статус

49

Даниел Рикардо е свесен дека нема гаранции оти Ред Бул ќе биде најдобра екипа во Монако и покрај тоа што сите им го даваат фаворитскиот статус. Поради потисната сила и силната шасија која ја имаат и одличното владеење со последниот бавен сектор во Барселона, тимот од Милтон Кинс ја има фаворитската улога претстојниот викенд.

Сакаат да го тргнат притисокто од себе и да го стават на нас. Не е тајна дека секогаш сме добри тука, но не бевме доволно добри лани како што бевме претходно. Сите зборуваат за последниот сектор во Барселона, секако дека бевме силни таму, така што очекуваме исто да биде и тука. Би бил изненаден да не сме блиску, не би смееле повторно да бидеме 7 десетинки од пол позиција.

Нема никаква гаранција дека ќе бидеме најбрзи. Сеуште велам дека ДНК на нашиот болид е добра и чувствувам дека е подобра од онаа на ланскиот болид. Лани не бевме доволно брзи да се бориме за победи, но чувствувам дека сме на ниво од 2016 година, сеуште не сме најбрзи, но држиме чекор – смета Рикардо.

Макс Верстапен, од друга страна, смета дека иако сите сметаат дека се најбрзи, Мерцедес и Ферари сеуште имаат предност во однос на моќта на квалификациите.

Знам дека сеуште заостануваме во однос на моќта и тоа ќе биде видливо на секоја патека, а да не заборавиме дека иамат и квалификациски модови што не е во наш интерес затоа што нема да има голема разлика. Вообичаено се 4-5 десетинки побрзи од нас, но тука може да биде 2 десетинки, а тоа е добро.


Рикардо не сака фаворитски статус

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>