Рикардо не бара привилегиран статус од Ред Бул

92

Даниел Рикардо ги отфрли како неточни шпекулациите кои се појавија дека бара статус на возач број 1 за да го продолжи договорот со Ред Бул. По одличната победа во Монако, австралијанецот не наоѓа начин да се качи на подиумот, а неговиот колега беше три пати на подиум на последните четири трки.

Никако, не сакам сагарантиран статус на број еден возач, тоа не ми треба. ЈАсно е дека Макс вози одлично, но сметам дека постојат работи секој викенд од Монако кога има некакви проблеми и лоша среќа. Работи како проблемот со предното крило на Пол Рикар навистина многу ме вадат од кожа – објасни Рикардо.

Се очекува Рикардо да потпише нов договор со Ред Бул, иако доста време се шпекулираше дека Мерцедес и Ферари го сакат кај себе.

Не се сите врати затворени за мене, но се поизвесно е дека врвните екипи ќе останат со своите сегашни возачи. Не знам точно, не знам факти, но со читање меѓу редови, веројтано така ќе остане.

Јасно е дека ако не сакам да останам во Ред Бул, постојат само две други привлечни опции за мене, а ако и тие се затворат, тогаш јасно е дека Ред Бул е најдобар избор – заклучи 29-годишникот.


Рикардо не бара привилегиран статус од Ред Бул

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>